“ПОШТАРИ” ГИ ПРЕПЛАВИЈА УЛИЦИТЕ

Maratoncite po tragite na postariteПрилеп беше преплавен од “поштари” кои растрчуваа по улиците. Не разнесуваа писма, туку трчаа на Првиот поштенски маратон со меѓународен карактер. Маратонците ги симболизираа поштарите кои постојано се движат низ улиците. Со нивната издржливост при борбата со километрите од 21 и 42 км., па и од 1 и од 5 км., од градот – домаќин ја пренесоа пораката низ светот за здравиот начин на живот. На трката од 1км., децата порачаа дека најтешката атлетска дисциплина има иднина. Најдобрите добија по “некоја пара” од наградниот фонд од 158 илјади денари.

Организатор беше Македонската пошта, а локалната самоуправа го поддржа настанот.

Loading