Новоименуваната амбасадорка на Босна и Херцеговина, Лепа Бабиќ го посети Прилеп. Таа се сретна со градоначалникот Марјан Ристески со кого разговараа за актуелните состојби во двете држави, а посебно внимание беше посветено на економската соработка. Двајцата се согласија дека од особена важност е да се развива економската соработка поинтензивно и да се постигне ново повисоко ниво.
Гостинката беше информирана и за проектите на општината.