ЕКО УЧИЛНИЦА НА ТРКАЛА

Кампања “Климата се менува, од нас зависи”

Zabava protiv klimatski promeniЗелениот камион, односно единствената еколошка училница на тркала во државава, ќе биде во Прилеп и Кривогаштани во рамките на кампањата на проектот на УСАИД за Општински стратегии за климатски промени спроведуван од Милиеуконтакт Македонија.

Под мотото “Климата се менува, од нас зависи” в сабота во 12 часот на Камената бина ќе се одржи двочасовниот настан, на кој популарните медиумски личности Жарко Димитриоски и Бранко Огњановски преку интерактивен пристап, ќе се потрудат да покренат интерес кај младите за учество во иновативните игри и лекции на тема климатски промени. Преку кампањата, младите ќе бидат информирани за начините на човековото однесување кои во голема мера придонесуваат до појава на климатските промени и уништувањето на животната средина.

Во Кривогаштани,  еко-хепенингот ќе се одржи денеска во 13 часот  пред општинското Собрание.

Loading