СИНОТ ТРЕТ, ТАТКОТО ВТОР

Параглајдерство

Sin i tatko na piedestalНа младите светот останува, но и повозрасните не се предаваат лесно. Потврда се настапите на семејството Јованоски. На меѓународниот параглајдинг натпревар Прилеп ОПЕН, таткото Миле Јованоски, ветеран на овој спорт, го освои високото второ место. Зад него се пласира Мартин Јованоски, најдобриот македонски параглајдерист на сите времиња. Првото место за мала разлика во поениет го освои гостинот од Албанија Ислами. Конкуренцијата беше голема со докажани параглајдеристи во прецизно слетување од Албанија, Бугарија, Косово и Македонија. Ги имаше 80, бројка што сама по себе зборува за успехот на прилепските пилоти, членови на ПК Делта. Наместо кај манастирот Трескавец, поради временските услови, натпреварите се одвиваа на Новоселски Рид и во Крушево. Во женска конкуренција победи Ане Увческа од Скај рајдер клубот.

Натпреварот го следеше градоначалникот Марјан Ристески.

Loading