АЛОМЕРОВИЌ ТРЕНИРА

Победа

Од понеделникот во тимот на Победа е Кемал Аломеровиќ, повратник од Швајцарија. Тој настапуваше во минатата третолигашка сезона и од летото досега помина на печалба, а сега се врати во градот и реши постојано да живее. Редовно ги одработува тренинзите, но имајќи ги предвид прописите ќе може да пристапи во зимскиот преоден рок. Доколку тоа го направи, ќе биде големо засилување за пролетните натпревари каде екипата ќе бие решавачки битки за висок пласман. Квалитетите на Аломеровиќ се добро познати. Симпатизерите се едногласни дека фудбалот го има во малото прсте, како играч од средниот ред и во нападот како реализатор. Инаку, тимот без исклучениот тренер Крстески и без “поцрвенетиот” стопер Велјаноски, по ремито 1-1 кај Еуромилк во Велес, в сабота гостува на Тетекс во Скопје.

Табела: Македонија 17, Тетекс 14, Пелистер и Љубанци по 13, Победа 12.

Loading