БЛЕСОКОТ НА ХОРОТ „СВ. ПЕТКА”

Novo formiraniot hor Sv.PetkaПрилеп доби уште еден црковен хор  – „Света Петка”. Станува збор за мешан хор, чии изведби ќе зрачат духовност меѓу ѕидовите и кубињата во новиот храм во Точила. Ваков црковен хор градот немал повеќе  од 150 години од времето на Атанас Бадев. Идејата потекнала од иницијативниот одбор за изградба на црквата, а благослов дал и владиката Петар.

Протопсалтот, м-р. Гоце Секулоски, кој на македонската и прилепската јавност и е познат по своите маестрално – музички недогледливи височини и генијални црковно – псалтски длабочини, работи со хористите околу еден месец. Првиот настап беше за осветувањето на храмот.

Членуваат млади и високо образовани музички уметници, кои даваат сé од себе за да му угодат на Господа Исуса Христа и Света Петка.

Богословот Емилијан Зелнички вели дека се почувствува звукот и духот на новиот хор.

– Слушајќи ги трите изведби, посетителите не можеа да ги сокријат чувствата, импресиите и молитвеноста. Посебен пиетет на диригентот м-р. Гоце Секулоски и хористите – сопрани:  Жане Илиеска, Андријана Дукоска, Маја Црвенкоска, Валерија Николовска, алтите – Ангелка Поповска, Јулија Златеска, Катерина Попоска, тенорите Бане Мицески, Марјан Златески, Денис Најдоски,  басовите Мартин Тренески, Никола Илиески, Ѓорѓи Костоски. Хорот е отворен за нови членови и секој кој сака може да се придружи кон ова наше ново бесценето духовно богатство – додава Зелнички.

Loading