ЗЛАТО ЗА БОГДАНОВСКИ

Бокс

Боксерскиот клуб АС ја подигнува формата, сé почесто настапува и освојува медали. На меѓународниот спектакл во Тетово, Бобан Богдановски освои злато. Во финалето совлада противник од Скопје. Судиите едногласно гласаа 3-0. Кај кадетите среброто го зеде Божидар Цветкоски по финалниот пораз со 1-2 од скопјанец.

На турнирот настапија боксери од Македонија, Косово и Албанија.

Loading