ПРИЗНАНИЕ ЗА ТОДОРОСКА

Одбојка

Razigrani odbojkarki - ZOK 11 OktomvriМихаела Тодороска од ЖОК 11 Октомври израснува во одлична одбојкарка. Талентот го потврди на празничниот одбојкарски турнир во салата на СОУ “Ѓорче Петров”. Стручнаците едногласно ја прогласија за најдобар играч. Сите клупски другарки дадоа придонес за третото место. По полуфиналниот меч, претрпен беше минимален пораз со 1-2 од првакот, тетовски Љуботен. Следеше триумф од 2-1 над скопски Планет. Турнирот беше корисен и можност за проверка на формата, но и за зацврстување на пријателските односи на клубовите.

За 11 Октомври претстојат уште неколку тестови до стартот во Младинската лига.

Loading