МИРЧЕСКА НА БАЛКАНИЈАДА

Борење

Претстои Балканијадата во борење за кадетки во Бурса, Турција, а таму ќе нé претставува државната репрезентативка Катерина Мирческа, членка на БК 7 Мај Леов. Тренерите сметаат дека е добро подготвена и може да го даде максимумот. Доколку има среќа во ждрепката може да се надева на висок пласман до петтото место. Најсилни во нејзината конкуренција се ривалките од Романија, Бугарија и Турција.

Инаку, Мирческа е единствена девојка од државава, која досега успеала да освои турнир во организација на ФИЛА и фигурира на светската ранг листа.

Loading