Трета
Како заразна болест прекините се шират каде настапуваат прилепските тимови. Во Велес само по 30 минути игра прекинат е дуелот од Третата лига – Југ, меѓу Борец и 11 Октомври. Според информациите, бил досуден пенал за домашните, а потоа гостите го истуриле гневот врз судијата од Валандово. Прекинот бил неизбежен. Штета за овој случај, бидејќи 11 Октомври има одличен состав за врвот, а в недела ќе беше попривлечно дербито дома со лидерот Вардар од Неготино.
Табела: Вардар Н. 24, Победа В. 18, Д. Езеро 16, 11 Октомври 14.
![]()

