ПУБЛИКАТА СО СРЦЕТО В ПЕТИЦИ

Kaskaderski akrobacii na motorПрилепчани и гости од цела држава беа воодушевени од акробациите на Дејан Шпољар, најпознатиот хрватски акробат на мотор. Додека изведуваше ризични подвизи, шоуто предивика воздишки на илјадници фанови на моторите. Без ни малку трепет, небаре леташе со моторот на едно тркало, де на предното, де на задното, правеше пируети, “без раце”, стоејќи простум врз него, седејќи однопаку или “палејќи” ги гумите… Со невидена леснотија се префрлаше од задниот на предниот дел од машината. На многумина срцето им слезе в петици кога одненадеж закочи пред својата девојка и го крена моторот на едно тркало да ја бакне. И кога сите мислеа дека Шпољар се исцрпи од  изненадувања, изведе акробации во тројка со девојката-партнерка и со колегата.

Адреналинот скокна и кај публиката, која го награди со аплаузи и овации.

Loading