Еснафот на дограмаџиите ги негува традициите. На денот на нивниот заштитник, Свети Апостол Тома, се собраа на заедничка трпеза да го oдбележат својот празник според адетите на старите мајстори. Средбата ја удостои и градоначалникот Марјан Ристески, посакувајќи им на дограмаџиите, пред се, здравје, напредок во бизнисот и негување и пренесување на обичаите на идните генерации чираци и калфи, зашто и тоа е дел од културната и занаетчиската историја.