ДЕЦА СОВЛАДАА СТУДЕНТИ

Пинг – понг

Во третото коло од Првата пингпонгарска лига, надежните играчи на Младост убедливо славеа на гости со 0-5 врз Студент во Скопје. Домашните не го оправдаа името на клубот, а гостите блескаа. По две победи извојуваа А. Рикалоски и М. Иваноски, а една додаде Стомнароски. Наредното коло е на 1 ноември, на гости во Скопје, со Дебар Маало. Во Супер лигата тогаш е поместено дербито Младост – Вардар. Паузата е поради Балканското првенство за млади играчи до 21 година во Штип.

Loading