ГОЛЕМИ ВО ПОРАЗОТ

Мажи

Штета за поразот од 24-26 на Прилеп во дербито со скопски Работнички. Можеше да биде обратно. Околу причините ќе покаже стручната анализа. И бројките многу кажуваат. При водство во првото полувреме од четири разлика, беше пропуштена можноста уште тогаш да се нокаутира противникот. Но, се наруши ритамот поради брзоплетост. Во првиот дел беа постигнати 15 гола, а во вториот само девет. Нападот не го одработи своето. Се покажа точно дека адути на гостите се гранитната одбрана и брзите крила.

Бодовите се загубени, но клубот е голем и кога губи. Имаше судиски одлуки кои ја подигаа на нозе публиката, кога беше крената раката за пасивна игра. Скопјаните изнудуваа фаули и при последниот удар даваа гол. Сé помина како што доликува на градов. Клубот може со чист образ да се појавува насекаде. Публиката се покажа како секој викенд во “Ричко” да се игра Лигата на шампионите. Двете екипи беа поздравени и мирно заврши големото дерби. Без забелешки од победникот, ниту од поразениот. Примерот треба да го следат сите спортски екипи. Следи гостување на Охрид.

Табела: Работнички 15, Металург, Прилеп и Охрид по 12.

Loading