ТУРНИР НИЗ ДРУЖЕЊЕ

Одбојка

Убав празничен одбојкарски турнир се случи во салата на СОУ “Ѓорче Петров”. Гостите Планет од Скопје, Љуботен од Тетово и Гоце Делчев од Штип беа презадоволни од домаќинот 11 Октомври, кој понуди целодневна дружба, покрај четирите меча. Вакви манифестации недостасуваат и треба да се почести.

Во натпреварувачкиот дел победи Љуботен со по 2-1 во финалето над Гоце Делчев и во полуфиналето над 11 Октомври. Екипата на 11 Октомври е трета по триумфот од 2-1 над Планет. Тренерот Гиче Локвенец воигруваше 12 одбојкарки. За најдобра е прогласена Михаела Тодороска. Претстојат уште неколку тестови до стартот во Младинската лига.

Loading