МЕЃУНАРОДЕН ТЕСТ

Џудо

Продолжи традицијата со одржување на меѓународниот џудо турнир “Прилеп град херој” организиран од ЏК Сеишин. Претставува одличен тест за натпреварувачите во пионерска и кадетска конкуренција, а клубовите ги одржуваат контактите со странство.

 Според резултатите, најуспешни се Пролетер Прилеп за пионери, Илинден Софија за пионерки и кадети, а Ипон Скопје за кадетки. Поединечно наградите беа за Никола Магдески (Сеишин), Фросина Петкоска (Пелистер Битола), Дритон Красниќи (Кастриоти Косово), Арбреша Реџепи (Ипон Скопје) и Андреј Симоноски (Дрим Струга).

Учествуваа 165 џудисти од 13 клубови од Македонија, Бугарија и Косово.

Loading