СУДИИ НА ЕВРОПСКО

Шах

Шаховските судии Тони Кироски и Кире Николоски ќе ја делат правдата на претстојното Европско поединечно првенство во Скопје. На престижниот настан се прочуени шахисти. Меѓу пријавените се Русинот Крамник, некогашниот светски првак Бугаринот Топалов и други.

Николоски и Кироски уште се активни шахисти, членови на ШК Прилеп. По повод празникот 11 Октомври гостуваа во Куманово и одиграа меч во 50 партии. Победија домашните со 27-23. За Прилеп играа уште Ѓорѓиески, Дамчески и Готовуша.

Loading