ЧЕШЕЛКОСКА ВТОРА

Стрелаштво

Членката на СК Херој Прилеп, Маја Чешелкоска, одлично се покажа на Меѓународниот турнир по повод празникот 11 Октомври. Со погодени 547 круга го освои второто место во дисциплината воздушна пушка. Најдобар беше Блаже Тофиловски (Работнички Скопје) со 551 круг, а трет неговиот клупски другар Мирослав Славковиќ со 543. Со воздушна пушка најпрецизни беа гостите од Врање, Србија. Прв со 601,6 круга е Никола Ристиќ, втор со 598,8 е Ѓорѓе Стошиќ, трета со 591,7 е Милица Тасиќ. Домашната претставничка Ангела Стојаноска е шеста со 574,2 круга.

Учествуваа 19 стрелци од шест клуба, а одличен организатор беше Херој Прилеп.

Loading