ДОАЈЕНИ НА ИЗЛОЖБА

Vesela sredba - Baseski Tasevski Minovski i TaleskiИзложбата на стари грамофонски плочи од Радио Битола ги собра доајените, новинари од Прилеп и Битола. Домаќините Драги Башески, Миле Талески и Атанас Тасевски се потсетија на старите добри времиња со гостинот Димче Миновски. Неизбежни беа муабетите околу ривалството на двата града. На микрофон Миновски кажа “Битола прва отвори локално радио”, а Талески возврати “Прилеп порано го изгради градскиот саат”.

Loading