КАРТУШЕВЦИ ПОКРАЈ ДИВА ГРЧКА РЕКА

Kartusevci na izvorite na rekata AheronПедесетина планинари од Картуш имаа екскурзија во Грција. Се восхитуваа на даровите на природата на бреговите и кањоните на дивата река со тиркизна вода Ахерон. Бидејќи во близина е бисерот на Јонското Море, Парга, не паднало октомвриско капење, ама паднало плакнење на очите низ морската шир. Доминацијата на старата архитектура на градот и ривата им оставила длабоки траги во меморијата. Возбудлив бил и логорот кај местото Амудија на вливот на реката во морето. 

Loading