ПОД КОНТРОЛА НА МИШЕЛ ВОТРО

Ирена Велевачкоска

Напредува младата судијка со амблем на ФИФА, Ирена Велевачкоска. Само за еден месец таа судеше на три квалификациски турнири за млади фудбалерки. Најинтересното е што беше под контрола на легендарниот Французин Мишел Вотро на турнирот во Скопје. Оценките се одлични и претстојат нови можности. Наредниот настан е во Унгарија, каде учествуваат уште Данска, Велс и Северна Ирска. Таму оценувачките се од Шведска и Хрватска. Овој е петтиот меѓународен турнир за Велевачкоска.

Loading