ПИСМО ОД МАЏО

Историја

Кога ги гледаат денешниве грозотии во фудбалот, многумина со носталгија се навраќаат во минатото. Тврдат дека во тој систем било поинаку. Што тогаш се случувало нека сведочи писмото на судијата Трајче Маџоски, објавено во печатот во 1977 година. Таму пишува: “Бев очевидец и сведок на дерби меѓу два соседски клуба во општинската лига. При водство на гостите од 0-1 беше мирно до три минути пред крајот. Тогаш младиот судија свирна прекршок во полза на гостите. Неколку домашни играчи го опколија и го влечеа за опремата, за коса и каде не. По теренот судијата бегаше да ја спаси главата. Избезумен тргна кон публиката и наместо од таму да помогнат, најстариот со дрво ѕверски го удри преку половината. Среќа што не падна и побегна. Ова се случува скоро секоја недела. Некаде судиите се бркани со ножеви, на друг претепани, на трет гостите малтретирани”.

Loading