ФРАНЦУСКИ ПЕРФОРМАНС ВО КИНО МИС СТОН

„Sur Le Vif“ е перформансот што ќе биде прикажан вечерва од  19 часот во кино Мис Стон, а ќе го изведе асоцијацијата „Comagnie Lolita Espin Anadon“. Ќе се проследи танц со телото преку кое се искажува дејствие.

Театарската асоцијација доаѓа од Долна Нормандија.   Кореографот се обидува преку движење на телото да го долови дејствието. Настапот е во рамките на манифестацијата Регионални денови на културата што ЦК ја реализира во соработка со Центарот за развој на Пелагонискиот регион и Мрежата за културен развој на Пелагонискиот регион.

Loading