КОНЦЕРТ НА ВАЛЕРИЈА НИКОЛОВСКА И ДЕНИС НАЈДОСКИ

Концерт на соло пејачката Валерија Николовска во придружба на пијанистот Денис Најдоски ќе се одржи во вторник од 19 часот во ЦК ,,Марко Цепенков“. На програмата се дела од Зографски, Прокопиев, Беллини, Росини, Лехар и Јохан Штраус.

Николовска љубовта кон музиката ја покажува уште на деветгодишна возраст со совладување на тајните на виолината кај професорот Весна Станкоска во ОМУ ,,Ордан Михајлоски – Оцка“. По завршувањето на средномузичко училиште во Битола покажува дарба и за пеењето. Затоа студира соло пеење на ФМУ. Настапува на концерти и со Симфонискиот оркестар на Македонската опера и балет.

Пијанистот Денис Најдоски инструментот го откривал од шестгодишна возраст во ОМУ „Ордан Михајлоски – Оцка“ со поддршка на професорот Михајло Стојковски. Се надградувал и кај професорката Снежана Анастасова – Чадиковска во Државниот музичко-балетски училишен центар во Скопје. Дипломира на ФМУ во Скопје. Настапува на многу концерти. Добитиник е на повеќе награди во земјава и во странство. 

Loading