ДВАЈЦА УМЕТНИЦИ ВО МАНЧЕСТЕР

Delata na prileksite slikari vo Mancester - Matija SapundzieskaПреку МАСА УК Арт галери енд гифтс на прилепчанката Матија Сапунџиеска, двајцата прилепски уметници Дарко Талески и Кирил Гегоски ја промовираа македонската, посебно прилепската уметност, на саемот на сто галерии и уметници во Манчестер, Велика Британија.

– Се запознавме со новите трендови во современата уметност, научивме повеќе за англиската современа уметност, начинот на живот и инспирациите на уметниците. Воодушевени бевме од атмосферата и масовноста. Пејзажите на Бери, современата архитектура на Манчестер и посетата на неколку галерии беа извор за нови дела. Се вративме со идеа да организираме заедничка изложба во Прилеп со творештвото инспирирано од престојот во Англија. Посетата беше овозможена благодарение на големиот вљубеник во уметноста и промотор на македонските уметници во Велика Британија, прилепчанката Матија Сапунџиеска – велат уметниците.  

Gegoski i Sapundzioska go ureduvaat standot– Креациите на нашите уметници се присутни во галеријата. Беше празник за очите да се наредат и делата на нашите сликари меѓу оние од Лондон, Манчестер и други делови на Обединетото Кралство. Изложбите ја промовираат и македонската култура на автентичен начин со домашни именденски слатки – вели Сапунџиеска. 

 

 

Megu britanskite umetnici - Darko TaleskiДела на пет македонски уметници биле изложени во галеријата МАСА УК Арт галери и гифтс. Галеријата веќе учествува на најголемиот продажен салон на слики на саемот на галерии во Манчестер. Уметничкиот простор е отворен пред две години со цел да ја промовира, пред сé, македонската уметност во Англија, но и локалната. При тоа се приредени преку 30 изложби со отворени вечери меѓу потенцијалните купувачи и сликарите. 

Loading