КОНЗЕРВАЦИЈА НА ФРЕСКОЖИВОПИСОТ

Во црквата Св. Никола во Зрзе

Екипа од Завод и Музеј го конзервира фрескоживописот на црквата Св. Никола во селото Зрзе, долненско. Првата фаза ќе трае до крајот на месецов.

Раководителот на проектот Благоја Атанасоски вели дека првпат се врши конзервација на вредниот фрескоживопис од 15 век.

– Од трите фази, првин се отстрануваат механичките оштетувања. Понатаму ќе се чисти со соли и ќе се ретушира – вели Атанасоски.

Претставени се повеќе светители и сцени, насликани од исти мајстори кои го создале живописот во црквата Св. Преображение. Фрескоживописот датира од византискиот период.

Loading