ШМАЈЗЕРОТ НА МАКСО ВО УЧАСТАКОТ

Dragan Spirkoski - MaksoИзложбената поставка на Меморијалниот музеј 11 Октомври е збогатена со  личното оружје на еден од учесниците во нападот на окупаторската полициска станица на 11 октомври пред 74 години. Станува збор за шмајзерот на борецот Драган Спиркоски – Максо, кој деновиве од Скопје е донесен и поставен во збирката на оружје покрај останатите фотографии, мапи, документи, воена опрема во музејот.

Според кустосот Рубин Белчески, внукот на борецот ја исполнил последната молба на својот дедо.

– Внукот Марин Гавриловски од Скопје го предаде шмајзерот на својот дедо, што бил чуван дома. Последната животна желба на смртната постела на Максо била, внукот да го подари на музејот шмајзерот со кој дедо му учествувал во нападот на Участакот (окупаторската полициска станица) при што е означен почетокот на вооружениот отпор на македонскиот народ против окупаторот на 11 октомври во 1941 година.

Uste edno svedstvo za borbata v muzej - Rubinco BelceskiСо тоа се исполни аманетот и оружјето се постави меѓу останатиот борбен арсенал на историската збирка на музејот и претставува значаен предмет за откривање на оружјето со кое рапослагале напаѓачите. Експонатот ќе биде уште едно сведоштво во богатата колекција што ќе долови дел од наоружувањето на партизаните во првите денови од ослободителната борба во Втората Светска Војна – објаснува Белчески.

DSC09005На 11 октомври 1941 година три групи од по пет, односно шест, партизани ги нападнале полициската станица, затворот и телефонската централа, при што Душко Наумоски го убил чуварот на полициската станица, а групата за прекинување на комуникациските врски успеала да ги пресече жиците на централата во градот. И групата за ослободување на затворениците припукала, но не успеала да ги ослободи партизаните од затворските келии. Тоа бил првиот знак дека бугарските окупатори ќе наидат на вооружен отпор на територијата на Македонија.

Loading