ИЗЛОЖБА НА СТАРИ ГРАМОФОНСКИ ПЛОЧИ

За 70 годишнината од библиотеката вечерва во 18.30 часот се отвора изложба на стари грамофонски плочи. За прославата на седумдеценискиот подем на библиотеката, месецов ќе има промоции на книгата “Сеќавања на Борка Талески”, книгата за градбите на Јустинијан во превод од латински на Миле Богески, а финишот ќе биде претставувањето на книгата “Прилепските спортски големини”.

– Ќе се одржат општинските натпревари за најдобар рецитатор и најдобра лична творба, и натпреварот “Млади библиотекари”. Ја намалуваме цената на уписнината на сто денари од 15 октомври. Свечената манифестација ќе се одржи на 28 октомври – вели директорот Петар Петрески. 

Loading