МЗТ ЗАГУБИ ВО ПРИЛЕП

Историја

Екипата на МЗТ Скопје, гигант во македонската кошарка, долги години беше претставник во силната Прва југословенска лига и ретко се случуваше да гостува во градов. За помалку упатените тешко е за верување, но на еден првенствен меч тој голем тим доживеа пораз од 11 Октомври. Сензацијата се случи на 15 февруари 1992 година, во рамките на Републичката лига. Во салата Македонија, пред 2.000 гледачи, прилепскиот тим победи со 74-73, а пресудна беше тројката во последната секунда на Здравковски.

Составот на екипата на 11 Октомври беше: Књазев 11, Алексоски, Попоски, Здравковски 7, Стевананџија 9, Апцев 10, Николоски, Јошески, Вујасиновиќ, Војновиќ 30, Костоски, Блажевски 7, со тренерот Пеце Ангелески. 

Loading