ПЕТ СТРУШКИ МЕДАЛИ

Карате

Карате клубот Бонсаи информира за настапот на Меѓународниот турнир во Струга. Во младите возрасни категории освоени се пет медали. Со сребро се врати Петар Ѓорѓиоски. Поскромен успех, со бронза, имаа Јована Илијоска, Давид Станкоски, Леонардо Јошески и Кирил Петрески. Тренерот Валентина Пурдеска е задоволна од постигнатото, во конкуренција на 330 каратисти од Црна Гора, Албанија, Швајцарија, Косово и Македонија.

Loading