БОРЈАН СО СРЕБРО ОД ГЕРМАНИЈА

Параглајдерство

paragraldingБраќата Јованоски успешно се враќаат на параглајдинг сцената. На Светскиот Васеркуп во Германија помладиот Борјан го освои второто место и сребрениот медал. За значењето на резултатот доволно говори конкуренцијата од 70 пилоти од 11 држави. Светскиот параглајдинг куп се споредува со најголемите спортски натпревари во другите дисциплини, бидејќи секој медал доколку е во Германија се вреднува најмногу.

– Се искачив на пиедестал во најголема, најквалитетна конкуренција меѓу пилоти кои се светски и европски прваци. Светскиот куп има висок ранг како финалето на лигата од шампионите во фудбал – рече Борјан Јованоски.

Поискусниот Мартин во поединечна конкуренција се пласира послабо, како да сакаше силите да ги вложи во македонската екипа, каде е и Борјан. Во оваа конкуренција освоено е уште едно сребро.            Уште еднаш се потврдени вредностите на најдобрите македонски параглајдеристи, членови на клубот Делта.

– Поради самофинансирањето и големите трошоците, од шест светски купови, учествуваме само на два. Првиот е овој во Германија, а вториот во Бугарија. Со подобри подготовки, низ финансиска поддршка од институциите, можеме да атакуваме на највисок пласман, на борба за златниот медал во севкупното рангирање – потенцира Борјан Јованоски.

Loading