МИНИМАЛЕН ПОРАЗ

Пинг – понг

Почна пингпонгарската сезона. Во Првата лига младите и надежни пингпонгари на Младост 96 дадоа силен отпор во дуелот со Мултитекс во Битола. Поразот е минимален, 5-4. Во следното коло Младост 96 дома игра со скопската Пошта 2, која на стартот со 2-5 загуби од Студент. Во најквалитетната Супер лига не се одигра дуелот Младост – Телеком. Гостите побарале одложување за синоќа, а дуелот по “ракометен рецепт” имаше варијанта наместо во Прилеп, да се игра во Скопје. Во идното коло Младост треба да гостува на Радовиш.

Loading