САМО ГОСТУВАЊА

Жени

Лошо тргна новата сезона за женскиот тим на Прилеп. Овде не зборуваме за резултатите, затоа што тие се во втор план, туку за непочитувањето на распоредот. Според него, во 1. коло требаше прилепската публика да присуствува на дуелот Прилеп – Куманово, но беше одложен за во вторникот. Тогаш навистина се одигра, но во Куманово! За причините не знаеме, но мора да потсетиме дека ова се случуваше и минатите години. Публиката заслужува да го гледа и да навива за женскиот ракометен тим. Мечот заврши со 31-21 за кумановките, а веројатно можеше да биде и поинаку. Прилеп водеше со 4-0, 5-1 до 6-3, а потоа прими 12 гола во серија. Настапија: Богеска, Камческа, Димитроска, Крстевска, Митревска 8, Аџулеска 2, Трајкоска, Конеска, Е. Рипилоска, Свеќароска, Ѓорѓиоска 10, Јаковлеска, Наумоска, Љ. Рипилоска 1. Следеше уште едно изненадување, наредниот ден во средата закажано гостување кај Вардар јуниор во Скопје, завршено со пораз (41-10).

По паузата, следното 3. коло Прилеп игра дома со Ѓорче.

Машкиот тим на Прилеп со поразот 25-20 од Борец в сабота ќе игра со Металург 2. 

Loading