ДИМОСКИ ДВАПАТИ НА ВРВОТ

Моделарство

Покрај одличната, беспрекорна организација на Воздухопловната федерација и на клубот Фил феникс, предводени од директорот Здравко Тодороски, на светските купови во воздухопловно моделарство “Трофеј на Прилеп” и “Светски куп Македонија” се покажавме и низ резултати. За честа и славата на градов се погрижи Бојан Димески. Тој во Ф-1-А за јуниори двапати победи и ги освои златните медали. Двапати подобар беше од конкурентот Андрија Пешиќ (Србија). Во сениорска конкуренција, меѓу 31 учесник од 15 земји, младиот Димески го освои 9. место.

Loading