МАРШ ПОД МАГЛА ДО ЛИСКА

Четириесетина планинари од Картуш и Козјак на покана од колегите од Бистра од Демир Хисар изведоа марш од манастирот Св. Илија над селото Големо Илино до врвот Лиска со 1908 метри надморска висина. Магловитото време не беше пречка планинарите да ја изодат такаречи новата патека.

Неуморните Картушевци ќе изведат и екскурзија до Парга и реката Ахерон во Грција викендов.  

Loading