БЛЕСНА КУЌАТА НА ЖЕРЕВЦИ

ubavicaСо 3,8 милиони денари од Министерството за култура,  се обнови куќата на Жеревци која е заштитена со закон и стара 115 години. Нова е покривната конструкција, целосно е санирана фасадата за да се зачува орнаментиката. Проектот на Владата за санација на фасадите на старите куќи е за да се сочува традицијата на старата градска архитектура.

Ќе се обнови и објектот во кој е сместен прилепскиот Катастар, а во изготвувањето на проектот ќе помогне и музејот.

Во Прилеп има останато околу 10 автентични куќи како културно наследство.

– Проектите за обнова на опожарените конаци на Трескавец се целосно завршени и деновиве прилепскиот Завод и музеј ќе ја почне постапката за објавувањето на тендерот за избор на изведувач и да почне обновата – најави министерката за култура Елизабета Канческа Милевска при посетата на Прилеп. 

Loading