КРУНИ ЗА НОВИНАРОТ И НАСТАВНИЧКАТА

Половина век брак

taleskiКолегата Миле Талески, кој животот го помина во новинарството, особено во спортското, со поширокото семејство, прослави 50 години брак со неговата сопруга , наставничката Васе. Радоста на сложниот заеднички пат, животните сопатници Талески ја поделија со двата сина и снаите, со четирите внучиња и роднините. Веселбата не ја одмина традицијата. Сопружниците, “младоженецот” на 76 години со неговата избраничка на возраст од 74 години, пресекоа свадбена торта. Дел од роднините во занесот на веселбата со ора и чочеци, дури го кренаа Талески на рамена како младите зетови.

Бидејќи брачните другари своевремено љубовта не ја овековечиле со црковна церемонија, им претставуваше задоволство за полувековната прослава да застанат пред свештениците во храмот Свети Кирил и Методиј и да се венчаат според црковните обреди со промена на круните, со нункото и старосватот, и да поделат меѓусебни бакнежи.

Loading