ДОЛГИ 14 ЧАСА ДО ЦЕЛТА

Маратон

Класичниот маратон е најтешката атлетска дисициплина, а уште потежок е планинскиот маратон. Сите кои стигнуваат на целта се спортски јунаци. На Меѓународните планински трки “По стапките на Крали Марко” во најдолгата патека од 65 километри од Варош до Козјак и назад најбрз беше Жикица Ивановски (Скопје) со време 7,34,53 часа, а веднаш зад него е жена – Марија Николова (Бугарија). За почит е и последниот, 37-ми Александар Смилков (Скопје), кој не се откажувал и за 14,51,42 часа стигна до целта. Првак на трката од 31 километар од Варош до Езеро и назад е Марјан Бонев (Скопје) пред Филип Туманоски (Прилеп), додека патеката од 16 километри до манастирот Трескавец и обратно најбрзо ја истрча Илија Пајмакоски (Прилеп) за 1,21,44 часа.

Loading