КОЈ Е ВИСТИНСКИОТ ПРИЛЕП?

Ракомет

Две лица покажа Прилеп на стартот од Супер лигата. По одличната игра и победата од 26-21 дома со Пелистер, следеше пораз од 25-20 на гости со Борец во Велес. Домашните цело време водеа, а гостите се приближуваа. Успеваа да израмнат последен пат 11-11 на почетокот од второто полувреме. Понатаму велешани се оддалечуваа го зголемуваа водството до пет разлика. Најефкасен на мечот е Шаренац со 6 гола, 5 даде Петкоски, 3 Турченко, 2 Ѓорѓиески, по 1 Талевски, Ангеловски, Андреиќ и Секулиќ.

Со овој резултат се остваруваат претпоставките дека лигата нема аутсајдери и тешко ќе се освојуваат бодови, особено на гостински терен. Можноста за нови три бода на прилепската екипа е веќе в сабота (19 ч.) на вториот меч дома, со Металург 2, тим кој има два пораза, од Борец и Охрид.

Табела: Борец 6, Металург, Работнички, Пелистер, Охрид, Прилеп, Радовиш и Пролет по 3, Металург 2 и Вардар ј. 0.

Loading