ЛУКСУЗ МЕСТО ПЕСОК

Летна понуда – Дубаи

– Обединетите Арапски Емирати се федерација од седум држави на чело со емири. Дубаи, е втор по големина емират и трговско и туристичко средиште, а најголемиот, Абу Даби е главен град на ОАЕ

– До височина од 85 метри, се издигнува затворена скијачка патека со вештачки снег. Најдолгата патека е 400 м, со максимален капацитет од 1500 луѓе на час со 5 ски лифтови

DabiДубаи е град изникнат среде пустина во кој се наоѓа највисокиот хотел, најголемиот вештачки залив, највисокиот облакодер на светот. Создаден како од приказните, каде камилите и трговците се заменети со луксузни автомобили и дизајнерски продавници, а харемите со ноќните клубови. Туристите се маѓепсуваат и се “опијануваат” од сјајот, луксузот, културата и гостопримството на арапскиот свет…

Сместен меѓу Европа и Азија, на јужниот брег од Арапскиот залив, Дубаи е скапоцен камен во круната на Обединетите Арапаски Емирати. Основан во 1971 година. Муслиманското население ја сочинува федерацијата, ооснована уште во 7. или 8. век, што е поврзано со поделбите на локалните арапски народи. Домашното население е само 20 отсто. Шеикот целосно го згрижил народот материјално, финансиски и правно. Од почетокот на 17 век, Англичаните беа највлијателни Европјани. Денес, големите нафтени извори ги прават емиратите богат регион. Почнуваат меѓусебно сé повеќе да соработуваат и во 1971 година, кога англиските сили го напуштиле Заливот, повеќето од емиратите се зачлениле во ОАЕ.  Тоа е федерација од седум држави на чело со емири. Дубаи е втор по големина. Емиратот е трговско и туристичко средиште. Најголемиот е Абу Даби, кој е и главен град на ОАЕ.

На секој чекор исконски мирис на истокот, раскош и богатство, заслепувачка златна, мирисно зачинска и шарена текстилна разновидност на пазарите – посветеност на туризмот, грандиозни облакодери и најскапи хотели, чии врвови го допираат небото. Тоа долго се памети.

Луксуз на секој чекор

Вистинската средба со Дубаи, градот на иднината, се доживува во најпознатиот и најлуксузниот дел од градот – Јумеирах, кој не може да се споредува со ниеден од најмодерните ервопски градови. Необично, на прв поглед, нема класичен центар, со старо јадро и плоштад. Затоа на секој дел има свој луксузен и богат центар, улиците се полни со модерни канцеларии, деловни згради, хотели чија архитектура остава без здив. Секако, шопинг центри во кои се одвива социјалниот живот. Зад аголот чекаат стари арапски градби, остатоци од арапското село, преуредени во музеи и други сведоштва од богатото наследство.

Возбудуваат глетките исполнети со луксуз и сјај, особено новата населба крај морскиот брег, The Palm Jumeirah, вештачкиот остров во форма на палма со 4 000 луксузни станови и вили. На главната улица во населбата е џамијата Jumeirah Mosque. Единствена е во која е дозволен влез за лица од други религии, со претходна најава. Вреден за посета е  музејот. За кусо време се рабира какви се ОАЕ. Особено Дубаи, кој само за 30 години, воден од јасната визија на шеикот, помина интересен развоен пат и постигнаа успех за воодушевување. Низ историјата на бедуините, наследството на “синовите на пустината” и развојот, се гледа напредокот на Дубаи во супер модерно место.

Голден соук – улица преполна со златари

Градскиот кварт Бур Дубаи е и центар на Дубаи. Со абрите, откриени моторни дрвени бротчиња, нешто како “водно такси”, туристите се движат низ канал. Импресионираат зградите со стаклени површини во чии огледала се одсликува водата. Во Деири пазарот, наголемо се чувствува источното тргување со задолжително ценкање. Најпознати се Golden souk. Toa e улица преполна со златари. Се најдува наките на врвни дизајнери. И арапско злато со силна жолта боја 22 или 24 карати. Воодушевуваат прекрасните излози со злато и љубезните продавачи. Se шири интензивен мирис на анис, сандаловина, кари, цимет…од населбата Spice souk каде се нудат зачините од целиот свет. Посетени се и пазарите за тексил, свила, кашмир… како и со техника и електроника. Поволно се купува компјутер, камера, мобилен…, За да издржат мускулите на нозете и ако не се презаситат очите, туристите ја гаснат жедта со свежо исцедени сокови од ананас, банана, манго…

Стакло во пустината на Абу Даби

DubaiАбу Даби е главниот град на ОАЕ, кој е најголемиот и најбогатиот емират со нафта. Пристаниште е најголемата трговска слободна зона. Софистицирани облакодери, прекрасни паркови и градини, пустинските дини и дрвја. Градот архитекстонскси дизајниран со модерни елементи замешни со исламската култура. Значително е посмирен и релаксиран од раздвижениот Дубаи. Големиот часовник чии стрелки и бројки се искомпонирани во уреден парк – мала оаза од зеленило, се прекрасно место за фотографирање. Најстарата градба, Ал Косн палата, е  градена меѓу 18 и 19 век. Позната е како Бела палата. Била заштитна тврдина за на единствениот извор со питка вода во емиратите. Била сопственост на шеикот до 1966 година, а сега е преуредена во Национално историски музеј за традиционални предмети, оружје, алати, накит…, документи и фотографии кој им припаѓале на владеачкото семејство.

Покрај морето, на крајбрежјето Марина. Тоа е најголем шопинг центар во Абу Даби. Туристите пазарат во супер модерен центар на местото каде пред еден век била бедуинска населба. “Нај градбата” во Абу Даби е најлуксузниот хотел до кој се стигнува само со хелихоптер. Најголемиот фудбалски стадион Sports City е покрај палатата на шеикот . Фотографитањето е забрането. Во хотелот Mall of Emirates – најголемиот трговски центар надвор од американскиот континент – се издигнува затворена скијачка патека со вештачки снег. Во долниот дел од патеката има трговски центар, одделен со стаклени прегради. Најдолгата патека е  400 м, со висиочинска разлика од 65 м, а широчината на скијалиштето е 80 м, со максимален капацитет од 1500 луѓе на час со пет ски лифтови. Тука е најголемиот снежен парк на светот дури со 3000 м2 со ескимски куќи, разни склуптури од мраз и многу други занимливости. Се издава опрема и облека, скии со панцирана облека да се влезе во снежна аванатура на минус два степени, за скијање, санкање, лизгање, правење снежни топки…

Жежок сендвич од јагнешко или пилешко

Ноќе Дубаи е силно осветлен како во бајките. Најголемата зграда на светот, Бурј Дубаи, потсетува на кула со височина од 800 метри. Лајтмотивот на Дубаи е градењето на Хидрополис – хотел со 15 катови под вода! Интересен е податокот дека се вложени четири милијарди долари за проширување на постоечкиот аеродром на кој секоја минута слетува по еден авион, а на другата страна на градот никнува целосно нов, кој по завршувањето на 2020 година, ќе биде најголем на светот.

Службен јазик е арапскиот и поголемиот број знаци, огласи, натписи се на арапски или англиски. Дубаи е мултинационален град, нема забрани или прописи за облекувањето на посетителите или туристите, додека локалното население се облекува во својата традиционална облека.

Има голем избор на храна со многу достапни цени од сите делови на светот, источна – либанска, иранска, храна… Богато е застапена и интернационалната европска кујна. Низ целиот град се продава shwarma – жежок сендвич од јагнешко или пилешко, танко исечено од ражен – ротирачки, ставено со пита со зеленчук. која чини неколку дирхани (службена валута).

Ексклузивниот ресторан Al Dawar Revolving се наоѓа на 25-от кат од хотелот Hyatt Regency, низ чии огромни стаклени прозорци се нуди извонреден поглед на Dubai Creek и осветлениот Арапски залив. Погледот постојано се менува од минута во минута. Ротирачкиот ресторан прави полн круг за 1 час и 40 минути. 

Глетката постојано се менува, бидеќи се креваат нови облакодери, луксузни хотели, високи кули… Отвореноста кон модернизацијата, прифаќањето на нови визии води кон успеси и благосостојба. Нема гладни и сиромашни, нема невработени, нема криминал!

ХОТЕЛ КАКО ЕДРО

Јумеирах плажата е заштитниот знак на Дубаи и главниот мотив на разгледниците, сувенирите и брошурите за градот. Хотелот Бурј Ал Араб, со својот карактеристичен изглед на едро и височина од 321 метри над Арапскиот Залив, е икона на Дубаи, но и мета на секој посетител на ОАЕ. Помалку познат и Јумеирах Хотелот, изграден во форма на бран. Кога двете градби ќе се погледнат од брегот, изгледаат како едро на бранови. Плажите со топол песок како брашно со најлуксузните хотели во задината, босоноги туристи ги мамат на шетање и уживање во топлото море.

Пушење водено луле

Весели мигови се доживуваат со задолжителното тетовирање на кожата, или пушењето од sheeshe, т.н. водено луле, наргиле кое е дозволено и во ресторани, кафеани, кафулиња, хотели, на улица… Sheeshu само се полни со вода, се затвора и се става ароматизиран тутун/смола со вкус на јаболко (најпопуларна), јагода, ананас, боровинка, ментол… а потоа на врвот се става јаглен кој малку чади. Пушењето sheeshe може лесно да ве опие и дава ароматично ориентално опуштање. Со ритамот на арапска музика чувствувате како да летате на волшебен тепих! Градот е ориентиран на туризам и нуди богати и ексклузивни можности и места за шопинг и разгледување. Има свој шопинг фестивал кој започнува во јануари и трае цел месец. Во текот на фестивалот цените на производите на најлуксузните и оригинални модни имиња и креатори, се намалуваат и за 80 отсто и има многу наградни игри, со златни плочи, скапоцени автомобили, луксузни станови…

Loading