Засилувања за прво место

Фудбал

Раздвижување во третолигашот 11 Октомври. Клубот со големи амбиции ја чека новата сезона, со оглед на новите играчи. На списокот од тренерите Кулески и Кебакоски се деветмина: Кралевски (Плачковица), И. Дамески (Напредок Кичево), Б. Митрески (Напредок Крушеани), Г. Здравески, Јанкоски, Јанкулоски, Бешовски (Победа), Кукески (Партизан О) и Ачкоски (Ц. Ѕвезда С).

По вчерашниот куп меч дома со Пелистер 0 : 8 , тренинзите продолжуваат на Могила.

Loading