Тренинг на плоштад

Борење

Градов и БК 7 Мај Леов се домаќини на борачки камп од 16 до 21 август. Млади борачи од Раднички Сомбор (Србија), Абони (Унгарија) и од домашниот клуб во салата на СОУ “Ѓорче Петров” ќе тренираат по двапати дневно. Предвидена е и еднодневна посета на Охрид. Еден од последните тренинзи, на 20 август, ќе биде на необично место – плоштад. Терминот е навечер, граѓаните да го проследат и да се запознаат со убавините на овој спорт. Тренингот е од отворен тип, со можност на секој талентиран да ја проба својата вештина.

Меѓународниот турнир е на 22 август.

Loading