Јубилејно Поетско Маркукуле

Утревечер од 19 часот на Тронот кај природната скулптура Слонот под Марковите кули во организација на Библиотеката ќе се одржи јубилејното десетто издание на Поетско Маркукуле. На традиционалната манифестација 50 автори ќе го слават поетскиот збор. Поетското Маркукуле се збогати со промоција на Зборникот на песни од ланското издание.

Инаку, Поетското Маркукуле се одржува во годината кога Библиотеката одбележува 70 години. Директорот Петар Петрески најавува за наесен повеќе активности за достојно одбележување на годишнината.

– Ќе имаме промоции на книги, меѓу кои и “Сеќавања за Борка Талески”, па обемната монографија “Прилепските спортски големини” на 700 страници од Драги Башески, повеќе поетски читања и изложби на раритетната збирка на книги и на дела од прилепски автори, како и свечена седница – вели Петрески.

Loading