Македонскиот фолклор во Турција и во Полска

Македонскиот фолклор ќе се презентира на значајни фолклорни фестивали во Турција и во Полска. КУД “Моминок” настапува на 28 интернационалниот фестивал на туризам, култура и арт уметност во Шиле, во близината на Истанбул. Играорците ќе се претстават со дел од богатиот репертоар на македонски ора.

Идната недела КУД “Мирче Ацев” заминува за Полска, на фестивалот “Смотри на фолклорот” во Хлудово. Ќе се играат кореографии од цела Македонија и од Егејскиот дел. Играорците ќе го афирмираат раскошното фолклорно наследство и во други полски градови.

Loading