Трет дуел со Царев Двор

Фудбал

Интересен пријателски дуел за в сабота (18 ч.) на Градскиот е најавен меѓу второлигашот Победа и новиот прволигаш Младост од Царев Двор. Гостинот е добро познат од ланските баражи, кога приреди непријатно изненадување во Охрид со победата од 1-3 и возвратните само 2-1 беа недоволни за опстанок на Победа. Време е за ново одмерување на силите, а тестот е можност да се видат засилувањата Талески (Гостивар), Котески (Кожуф Миравци), Дунимаглоски (Напредок), Петрески (Пелистер), Николоски (Силекс), реактивираниот Гешоски и најновиот напаѓач Цонев (Беласица). Не е исклучено уште некое ново име до понеделник кога се заминува во Банско, Бугарија.

Вкупно се планирани 10 пријателски.

Loading