Џудо
Џудо клубот Сеишин покажува меѓународна активност со учеството на турнирот на Ираклис во Солун, Грција. Во конкуренција на 110 натпреварувачи од 15 клубови од Грција, Македонија, Бугарија, Србија и Велика Британија, петмина освоија исто толку медали. Ниеден не се врати празен. “Сребрени” се Христијан Ѓураков и Диме Ивчески, а “бронзени” Александар Апостолоски, Мартин Тодорчески и Леонардо Насески. Следува одмор до 3 август, кога се подготовките во Охрид.
![]()


