Повикани од селекторот

Одбојка

Idninata na prilepskata odbojka - Toseska i TodoroskaДве млади одбојкарки од ЖОК 11 Октомври, Евгенија Тошеска и Михаела Тодороска, станаа кадетски репрезентативки на Македонија. По добиениот повик од селекторот Горан Славев беа на собир во Скопје. Тие се единствени од внатрешноста кои фатија приклучок. Беа и најмлади, уште со право за настап како пионерки. Тоа доволно зборува за постигнатиот прогрес, тренирајќи изминатите три – четири години. Ги совладале сите техники на современата одбојка: сервис, прием, блок, смеч, игра во поле…

Женската одбојка е на пат да се врати во поранешното светло и не е далеку денот кога ќе имаме сениорска екипа во Државната лига.

Loading