Зошто Бошњак не настапи во Баку?

Гимнастика: Два одговора на едно прашање

Dali e napravena golema nepravda - Dino BosnjakНа Европските спортски игри во Баку, Азербејџан, меѓу 45 македонски претставници го немаше гимнастичарот Дино Бошњак, кој потекнува од клубот Партизан Прилеп, а сега е член на словенечкиот Марибор. На големата манифестација единственото гимнастичарско место од нашава земја му припадна на битолчанецот Иван Крстевски. Што се случи? На истата тема има две спротивставени видувања.

Во медиумите се појави одлука на Техничкиот комитет на Федерацијата: “Земајќи ги предвид сите резултати постигнати во 2014 година на домашен и меѓународен план се одлучи Македонија да ја претставува Иван Крстевски – првак на Македонија во спортска гимнастика”. Одлуката се оправдува од страната која ја поддржува Федерацијата. Сметаат дека е исправна, бидејќи биле земени во предвид домашните турнири од државното првенство, на кои Бошњак не настапувал. Така шампионот Крстевски имал предност при изборот, велат тие.

Според другите, направена е голема неправда, бидејќи очекуваа Бошњак да биде избраниот македонски претставник. За нив најважен е моментот кога лани на Европското во Софија, прилепчанецот постигнал норма за Баку. Потсетуваат дека Македонската федерација не го пријавила на Европското, туку тоа е направено со помош на Словенечката федерација. Патем успешно настапил уште на четири светски купа. Доколку не биле овие меѓународни резултати, државава ќе немала право за ниеден гимнастичар! Нормата за местото кое сам го изборил го искористил друг, иако овде не се работи за повреда, болест, откажување од спортот или некоја друга оправдана причина поради која се врши замена на спортистот. Во врска со ова известени биле две институции АМС и МОК кои треба да се произнесат.

Крстевски на Европските игри го освои 78. место.

Десетто место за Ристеска

Прилепчани сепак имаше во Баку. Фросина Ристеска беше на 10. место од трката на 400 метри, а Илија Пајмакоски на 13. место на патеката од 1500 метри. Џудистката Катерина Николоска несреќно загуби во 1. коло од Азербејџанка. Селекторот Пеце Белистојаноски освои две бронзи со каратистите Павлов и Несторовски.

Loading