Голманот Божиновски останува

Ракомет

Голманот Менде Божиновски и наредната сезона ќе го брани голот од суперлигашот Прилеп, според одлуката да се продолжи договорот. Тој ланското лето дојде од матичниот Пелистер. Покрај ова, клубот реши да доведе уште еден квалитетен голман. Извесно е дека ќе има уште двајца – тројца нови, а кои ќе бидат тие, зависи од повеќе фактори, условите кои се нудат или бараат, а и вкусот на новиот тренер, шеф на Стручниот штаб. Тој треба да биде назначен деновиве, по завршувањето на преговорите со сите кандидати. Само пивотот Васко Димитровски досега премина во Зомимак, а другите отстрана се неизвесни. Шанса да остане има средниот бек Јован Талевски.

Со скромниот буџет, добро е што 70-80 отсто од играчкиот кадар е домашен.

Loading