Државни пари за приватен бизнис

Se povikuvaat nevraboteni da apliciraat navremeno na aktivnite oglasi - Pasoska so gradonacalnikot RisteskiАгенцијата за вработување продолжува со имлементација на активните мерки и програми за вработување насочени кон намалување на невработеноста и поттикување на вработувањата. Објавени се три повици за охрабрување на невработените за работно ангажирање.

– Станува збор за самовработување со 185 илјади неповратни средства за секое невработено лице. Тоа е најактуелна и најбарана мерка. Потребна е само добра и издржлива бизнис идеја. За иновативни и одржливи се доделува грант од 257 илјади со можност да се вработи уште едно лице со неповратни средства и репроматеријали за 92 илјади денари. Агенцијата ги носи давачките за регистрирање на фирмата – соопшти Силвана Пашоска, директор на прилепското биро за вработување.

Со оваа мерка досега се вработени 589 лица.

Агенцијата објави два повици за бесплатни обуки на невработените.

– Веќе 670 лица ги минаа обуките за англиски, германски, италијански, грчки, турски, шпански, француски и албански јазик, како и за компјутерски вештини од почетно до најнапредно ниво и програмирање. Почетокот е на крајот на август – најави Пашоска.

Сите одржливи бизнис идеи можат да го зголемат бројот на вработените.

Секоја новорегистрирана фирма може да ги користи поволностите од проектот “Македонија вработува”, за ослободување на работодавачите од плаќање придонеси од 1-3-5 години, во зависност од целната група.

Во градов се регистрирани 15.900 невработени, од кои девет илјади се активни баратели, а останатите се регистрирани за социјалните и здравствените права. За десет години редуциран е бројот  на невработени за над девет илајди, а следниве години вработувањето ќе биде уште подинамично со најавените странски инвестиции. Се очекува за неколку години невработеноста да се намали за три до пет илјади. 

Loading